Свет
12. јуни 2017 - 8:56

Најмалку 11 лица загинаа во автобуска несреќа во Сибир

Најмалку 11 лица загинаа во автобуска несреќа во Трансбајкалскиот регион на Сибир, јави ТАСС.

Автобусот упаднал во канал и се превртел на патот меѓу градовите Иркутск и Чита околу полноќ.

- Во автобусот имало 51 лице, од кои 11 загинале, а 25 претрпеле повреди, изјави претставник на локалните власти, нагласувајќи дека повредените се на пат за болница.  

Автобусот превезувал верници, кои се враќање во Чита од верска церемонија во селото Урлук во Красночикојскиот регион.