Свет
6. February 2017 - 9:53

Најмалку 107 лица загина во лавини во Авганистан

Најмалку 107 лица загинаа во лавини во Авганистан изминатите денови, соопшти Владата. 

Над 65 лица се ранети, а повеќе од 150 куќи се разурнати.

Лавините, кои се случија во различни делови на Авганистан, беа предизвикани од обилните врнежни од снег.

Голем број од новите жртви се откриени во североисточната провинција Нуристан, која се граничи со Пакистан. Во две села затрупани од снег се пронајдени 48 загинати лица.