Најмалку 10 загинати при судири во затвор во Бразил
Најмалку десет лица загинаа при судири во затворот „Алкасус“ во северната бразилска сојузна држава Рио Гранде до Норте, јави ТАСС.
Координаторот на бразилскиот затворски систем, Земилтон Силва во изјава за весникот „Фоља де Сао Паоло“ тврди дека најмалку тројца од загинатите биле обезглавени.
Според него, судирите започнале како пресметка меѓу припадници на две ривалски криминални групи, кои призеле контрола врз делови од затворот.
Полицијата го блокира реонот околу затворот и е очекува дополнително засилување, пред да започне акција за преземње целосна контрола над објектот.
Во затворот „Алкасус“ казна отслууваат 1.083 затвореници, иако неговиот капацитет е за само 620 лица.
Во 2015 година во овој затвор беше организиран бунт на затворениците во знак на протест поради пренатрупаност.
На 1 јануари годинава во бунт во затвор во бразилската сојузна држава Амазонас загинаа 56 лица.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Ахмети до Мицкоски: Внимавај што зборуваш, Мицкоски му возврати да се подготви за опозиција
-
Оштетена пратеничка канцеларија
-
Најавена тужба за клевета
-
МОН бара решение како основците да не учат во сабота
-
Ученик претепал наставничка
-
Лабораторијата без кадар, Токсикологија во хаос!
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори