Свет
26. November 2016 - 13:20

Најмалку 10 загинати при напад со автомобил-бомба во Могадишу

Најмалку 10 лица загинаа денеска при експлозија со автомобил-бомба во близина на контролен пункт на сомалиската полиција на влезот на пазар преполн со луѓе во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти локалната полиција. 

- Целиот пазар е уништен, настрадаа многу луѓе. Бројот на загинати сигурно ќе порасне, истакна полицискиот офицер Абдикадир Фарах.

Тој нагласи дека засега е потврдена смртта на најмалку 10 лица, додека повеќе од десет се ранети.