Свет
20. October 2017 - 18:54

Најмалку 10 ранети при напад со нож во Полска

Најмалку 10 лица се ранети попладнево кога маж вооружен со нож нападнал купувачи во една продавница во градот Сталова Воља во југоисточниот дел на Полска.

Инцидентот се случил околу 15 часот во најголемиот трговски центар во градот, кога вооружениот маж почнал да ги напаѓа лицата присутни во продавницата.

Полицијата успеала да го совлада и упаси напаѓачот, чиј идентитет не е соопштен. Извори во полицијата само информираа дека станува збор за 27-годишен маж.

Сите ранети при нападот се пренесени во болница, од каде соопштија дека неколкумина од нив се здобиле со сериозни повреди.