Најмалку 10 мртви во превртено комбе во Тексас, било пренатрупано со мигранти
Комбе, во кое загинаа десет лица во Тексас, било пренатрупано со 30 патници, двојно повеќе од дозволеното, а останатите 20 лица се повредени и се верува дека се илегални мигранти, јави државната полиција.
Несреќата се случила вчера, околу 16 часот по локално време, на автопатот 281 кај Енцино, околу 30 милји северно од Мекален, во Јужен Тексас, каде комбето удрило во метален столб и знак стоп, по што се превртело.
-Возачот и девет патници загинаа, додека преостанатите 20 патници се пренесени во локалните болници, каде е утврдено дека некои се во критична состојба, изјави шефот за јавна безбедност на Тексас, Натан Брендли.
Несреќата се случила неколку милји од контролниот пункт на Граничната полиција на САД, но Брендли вели дека сведоците на несреќата не виделе дека во тек е потера по комбето.
-Преживеаните, рече тој, се здобија со сериозни повреди, а патниците се чини дека се мигранти.
Според медиумите, во комбето имало 29 илегални мигранти, без документи. Според сведоците, возачот на комбето „Форд“ се обидел да сврти со голема брзина пред да удри во метален столб.
Додека околностите за несреќата се уште се испитуваат, властите работат со мексиканскиот конзулат за да ги идентификуваат жртвите.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка