Свет
10. August 2016 - 21:25

Најмалку 10 луѓе загинаа во два напада во Ирак

Претставници на ирачките власти соопштија дека во два напади во околината на Багдад загинале најмалку десет луѓе.

Полицијата соопшти дека во самоубиствениот напад во градот Латифија загинале четворица цивилил и тројца војници. Бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот на контролен пункт на ирачката армија.

Латифија се наоѓа на околу 30 километри јужно од Багдад.

Во југоисточното предградие на Багдад, Нахраван при експлозија на бомба загинаа тројца цивили, а 12 се повредени.

Се уште ниту една група не презеде одговорност за нападите.