Бизнис
22. September 2016 - 19:46

Најмалите компании тешко доаѓаат до кредити, потребен е развој на микрокредитирањето

Бизнисите кои имаат помалку од 10 вработени тешко доаѓаат до кредити. Нивната улога за развојна македонската економија е многу важна затоа што 90 отсто од претпријатијата во Македонија се микро бизниси.  1/3 од вкупниот број на отворени работни места во земјава се токму во овие фирми. Тие во вкупниот БДП  учествуваат со 20 отсто. Но и покрај нивната голема присутност во македонската економија нивниот пристап до пазарот на капитал е многу тежок. Затоа надлежните сметаат дека микрокредитирањето е од особено значење. Со нивниот развој дополнително ќе се намали сиромаштијата и ќе се развие претприемништвото.  

За да се олесни пристапот на малите и средни бизниси, во 2010 година донесен е Законот за финансиски друштва со кој е дадена можност небанкарските финансиски институции да вршат кредитирање преку кредити, кредитни картички, гаранции и факторинг.

Сосотојбата и во другите земји не е поразлична. Според анализите на УСАИД 2 милијарди луѓе во светот немаат пристап до банкарски услуги. Со новиот проект на американската агенција за меѓународен развој на семјествата со ниски примања и малите и средни фирми ќе им биде олеснета можноста за финансисрање.  

Тонско - Се фокусираме освен на домаќинствата со ниски приходи и на микро и малите претпријатија кои претставуваат доминатен дел од националната економија, кои се значајни за развојот и на овој начин ќе ги реализираат своите намери. Финамнсиската инклузија е важна за намалување на сиромаштијата во една држава, истакна Стаин.

На финансискиот пазар во Македонија  работат 12 финансиски друштва, кои од почетокот на годината имаат склучено околу 3.000 договори за кредитирање. Овој пазар во земјава се развива 20 години, а  таргет група се микро и малите претпријатија.