Балкан
20. April 2020 - 12:15

Најмал број новозаразени во Словенија од почетокот на епидемијата

Словенечките власти објавија дека во земјата се потврдени само пет нови случаи на новозаразени со коронавирусот, што е најмалку од почетокот на епидемијата.

Има намалување и на бројот хоспитализирани лица поради Ковид-19, кој сега изнесува 88. На одделите за интензивна нега се лекуваат 26 пациенти со потешка клиничка слика на болеста.

Во изминатите 24 часа, едно лице оздравело, а три починале како последица од Ковид-19.

Домовите за стари лица и понатаму се жариште на заразата, а речиси сите нови инфицирани и починати се токму од тие установи.