Живот
18. May 2017 - 16:23

Најлудо запросување до сега: Клекна пред љубовта на својот живот додека им се наближуваше торнадо

Додека во позадината беснееше торнадо, инаку ловец на бури клекна на колена и ја запроси својата девојка.

Алекс Бартоломеј на Фејсбук напиша: „Леле каков ден. Две, можеби три торнада, силни бури и што е најважно кажа „ДА“.

Силно торнадо се наоѓало на само неколку километри од среќната двојка.

Тој е вљубеник во торнада, меѓутоа не знаеме дали сето тоа и се допаднало на неговата девојка Бритни Фок Клејтон, која сепак кажа да.

„Не можам да ги опишам емоциите кои ме обзедоа“, наведува Бартоломеј на Фејсбук, со неверојатна фотографија од целиот настан.