Живот
20. August 2018 - 12:20

Најгрозна глетка од плажа: Куп стаорци завршија на брегот на Барселона, а потегот на капачите беше шокантен

На 10 плажи ширум Барселона кренати се жолти знаменца зошто водата нанесе куп мртви староци.

Глодарите се пронајдени во водата и на песокот по обилните дождови кои го погодија ова подрачје.

Надлежните служби побрзаа да ја исчистат плажата, а стаорците и останатото ѓубре го собираа со големи мрежи.

Меѓутоа, имаше и храбри капачи кои и покрај грозните глетки запливаа во морето.

Барселона е едно од најпопуларните туристички дестинации на светот, а годишно го посетуваат околу 30 милиони туристи.