Живот
6. February 2016 - 19:16

Најголемата тајна на Владимир Путин: Од ова рускиот претседател се плаши од детството!

Марија Ивановна Шеломова може да биде горда што нејзиниот син, Владимир Путин е претседател на Русија. Роден е во 1952 година, а ретко кој можел да замисли дека еден ден ќе биде главен и одговорен човек за Руската империја.
 
За својата мајка, Путин вели дека била добронамерна и љубезна личност.
 
- Живеевме едноставно, јадевме супа, палачинки, а во недела мајками правеше вкусни полнети крофни. За главно јадење јадевме зелка, месо и ориз - изјавил Путин.
Исто така, објаснил колку неговата мајка се спротивставувала на тренинзите по џудо.
 
- Секој пат кога ќе појдев на тренинг, мораше нешто да каже - рекол тој.
Владимир Путин сам за себе изјавил дека како дете бил доста проблематичен и дека никогаш не сакал стаорци. Покрај тоа, тој имал голем страв од нив.