Балкан
29. July 2018 - 21:40

Најголемата јахта со едра на светот закотвена во Албанија

Најголемата јахта со едра на светот „А“ (S/Y A - Sailing Yacht A) на рускиот милијардер Андреј Мељниченко е закотвена во најјужното албанско пристаниште Саранда.

Тоа го соопшти преку Инстаграм албанскиот премиер Еди Рама.

Според податоците достапни на интернет, вредноста на оваа јахта изнесува 420 милиони евра, долга е 142,8 метри и има три јарболи со едра високи по 90 метри.

 

A post shared by Edi Rama (@ediramaal) on