Свет
12. March 2019 - 11:13

Најголема заплена во последниве 25 години: Во Њујорк пристигнаа сандаци со овошје, внатре кокаин вреден 77 милиони долари

Њујоршката полиција заплени кокаим вреден 77 милиони долари што е најголема заплена во оваа област во последните 25 години.

Во контејнери во њујоршкото пристаниште се откриени 60 пакети со околу 1.450 килограми дрога.

Тоа е најголема заплена на кокаин во пристаништето во Њујорк и Њу Џерси од 1994 година кога се запленети 2993.71 килограми.

Пакетите се откриени на брод кој стигнал од Јужна Америка. На сандаците пишувало дека е сушено овошје од Колумбија.

„Кокаинот, заколнатиот непријател на Њујорк од 90-тите се враќа“, рече агентот на ДЕА, Реј Донован кој е задолжен за истрагата.