Најголема размена на заробеници меѓу Украина и донбаските сепаратисти
Украина и проруските сепаратисти од источните делови на земјата денеска треба да ја извршат досега најмасовната размена на заробеници, што беше договорена со посредство на Руската православна црква.
Украина денеска ослободува 99 заробеници, додека донбаските сепаратисти ќе ослободат 16 Украинци. Вкупно, предвидено е да бидат разменети 306 заробеници од украинска страна и 74 лица заробени од страна на сепаратистите.
Размената се врши кај селото Горливка, 40-на километри североисточно од градот Донецк, кој е под контрола на сепаратистите.
Рускиот патријарх Кирил преговараше со претседателот Владимир Путин, од кого бараше да влијае врз донбаските сепаратисти, како и со украинскиот претседател Петро Порошенко за да се изврши размената на заробеници. Тоа е една од точките договорени меѓу двете завојувани страни на преговорите во Минск.
Досега над 10.000 лица беа убиени во борбите во источна Украина, кои почнаа во 2014 година, а над два милиони луѓе се расселени.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење