Најголема излезност во Конче, најмала во Ново Село во Струмичко-Радовишкиот регион
Сто деведесет и осумте гласачки места во шесте општини во Струмичко-Радовишкиот регион се затворени, а изборниот ден помина мирно и без изборни нерегуларности, информираат од општинските изборни комисии на Струмица, Радовиш, Василево, Ново Село, Босилово и Конче.
До 20:45 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Конче со 65 отсто од вкупно запишани 2.724 избирачи во Избирачкиот список.
Во Струмица гласале 58 отсто од запишаните 49.341 избирачи, во Радовиш до 20:45 часот гласале 48 отсто од запишаните вкупно 24.205 избирачи.
Во општина Босилово излегле 55 отсто од запишаните 12.248 гласачи, а во Василево 59 проценти од 10. 592 запишани избирачи.
Во Ново Село најмала е излезноста на гласачите и таму гласале 45 проценти од 11.181 гласачи.
Во шесте општини од регинот има запишано 110.291 граѓани, кои гласаа на 198 избирачки места.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето