Македонија
17. October 2021 - 19:01

Најголема излезност во Градско, најмала во Велес

 Во општина Велес излезноста до 17:30 часот е 43 проценти, во општина Чашка 53 проценти, а во Градско 57 проценти. 

Претседателот на Општинската изборна комисија од Велес, Андреј Ќамилов информира дека од регистрираните 45.892 гласачи на 82 избирачки места гласале 19.700 граѓани или 43 проценти.

Во општина Градско има најголема излезност до 17:30 часот. Од регистрираните 3113 избирачи на 11 избирачки места до 17:30 часот на гласање излегле 1775 лица, информира Мери Седмакова, претседател на ОИК Градско.

Во Чашка, како што соопшти секретарот на ОИК Марјан Јовановски, од регистрираните 6174 гласачи на 31 избирачко место гласале 3272 лица.