Бизнис
12. July 2019 - 19:25

Најголема инвестиција во Кочани во последните 50 години донација од Швајцарија

Свечено пуштена во употреба пречистителна станица во кочанското село Мојанци. Комплексот се простира на површина од 11 ха. , а во него ќе се пречистуваат отпадните води од Кочани и сите околни населени места, преку цевковод долг 12 километри.

Оваа пречистителна станица е една од најголемите во регионот, со капацитет од 65 000 еквивалент жители, со можност за приклучување на соседната општина Виница и на многу околни населени места- изјави Заев

Тоа ќе придонесе за намалување на цената на единица жител и ќе ја зголеми искористеноста на станицата- изјави Николчо Илијев, градоначалник на Кочани 

Најголем дел од средствата за изградбата или 21 милион швајцарски франци донираше Владата на Швајцарија.  Од националната каса беа издвоени 1,8 милиони швајцарски франци, а општина Кочани учествува со 300 000 швајцарски франци.

- Оваа градба која е најголема швајцарска поддршка досега дадена на земјата е завршена на време, на ефикасен начин и со добар квалитет- изјави Сибиле Сутер Тејда, амбасадор на Швајцарија

Станицата е уникатна по тоа што има своја фотоволтаична централа, која годишно ќе произведува 590 000 киловат часови електрична енергија, со која ќе се покријат 53 % од потребите.

- Таа можеби не е најголема по обем, но претставува најпозитивен пример. Пример за штедење на енергија, за користење на обновливи извори, пример за користење на отпадот. Со еден збор, пример за циркуларна економија- изјави Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.  Годинава треба да започне изградбата на пречистителни станици и во Битола и Тетово.