Најголем буџет за Пентагон - повеќе од 700 милијарди долари
Пентагон доби досега најголем буџет во износ од над 700 милиајрди долари што е многу повеќе пари за одбрана отколку што издвојуваат двата главни американски конкуренти, Кина и Русија.
Тоа ќе значи дека американската армија ќе може да плати дополнителни илјадници војници, повеќе обука, бродови и многу друго, јавуваат американски медиуми.
Следната година буџетот ќе се зголеми на 716 милијарди долари. Буџетот вклучува огромно зголемување за трошоците за армијата.
Пентагон ќе добие 94 милијарди долари повеќе во оваа буџетска година во однос на минатата што е зголемување за 15,5 отсто. Тоа е најголемо зголемување во однос на претходната година од 2003 година кога буџетот на Пентагон бил зголемен за 26,6 отсто во време на војната во Авганистан, инвазијата врз Ирак и ширењето на системот за национална одбрана по нападите од 11 септември 2001 година.
Повеќе пари не се наменети за борба против нов непријател или поединечни закани како што е Ал Каеда или Русија, туку за широк спектар на проблеми, вклучително зголемување на обуки и осовременување на одбранбениот ракетен систем, наведуваат американски медиуми.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација