Живот
25. February 2021 - 11:13

Најдолговечните животни на Земјата

Долговечноста во животинското царство обично се поврзува со слонови, желки, китови и други животни, кои се одликуваат со бавен метаболизам. Но, веројатно, малку е познато дека најчесто среќаваниот гулаб во човековата животна околина, може да живее до 35 години, а селскиот лебед – и до 70 години.

Гренландската ајкула живее до 300 години. Тие живеат доста мирен живот во водите на Северниот Леден Океан. Нема природни непријатели – грабливци и, според некои научни истражувања, е во состојба да живее до 300 години. Тоа ќе рече дека пубертетот кај оваа риба се јавува на возраст од околу 150 години, па дури и подоцна.

Желката од Галапагос доживува 250 години. Таа е позната и како желка – слон, и е најголемиот вид желки што преживеал до денес. Закана за тоа биле европските морнари кои ги користеле овие влекачи како залихи месо за нивните долги патувања во 19 век. Се верува дека тогаш  биле убиени околу 200.000 единки. Има познати случаи со утврдена возраст и од приближно 170 години, но има и единки кои живеат само 25 години.

Долгоживците (тардигради) живеат до 200 години. Ова минијатурно животно, долго околу еден милиметар, според повеќето истражувачи, му припаѓа на видот членконоги, иако тоа е спорно. Просечниот животен век на еден долгоживец е околу 200 години, но тие будат зголемен интерес за себе со други неверојатни својства и способности…

Имено, науката утврди дека овој организам може да продолжи да опстојува и да живее во услови што се смртоносни за повеќето други живи суштества. Во различни експерименти – на Земјата и во Вселената, долгоживци биле оставени во течен кислород изладен до -193 Целзиусови степени, до 20 месеци и – во течен хелиум од -271 степени цели 8 часа… Потоа, единки биле ставени на +100 степени, на еден час, па озрачувани со јаглерод диоксид, ултравиолетови и радиоактивни зраци, 1.000 пати повисока од смртоносната доза за луѓето… Под сиве овие услови, долгоживците не само што преживуваат, туку и продолжуваат да се движат, да се хранат, па дури и да се размножуваат.