Македонија
14. January 2020 - 16:50

Најдоцна следниот месец нова методологија на ЕУ за проширувањето, хрватски приоритети се Македонија и Албанија

Почнување на преговорите со  Македонија и Албанија  е абиција и приориетот на хрватското претседавање со ЕУ во следниве шест месеци. 

Пленковиќ пред европските пратеници денеска порача дека Хрватска ќе даде се од себе за да ги убеди европските партнери дека проширувањето мора да продолжи.

-Идниот извештај на Европската комисија и предлозите за подобрување на методологијата за процесот на преговорите ќе бидат важни. За кредибилноста на политиката на проширување важно е да се зачуваат принципите на почитување на политичките критериуми и индивидуалниот напредок. Секоја земја кандидат треба да се оценува врз нејзините резултати, при што крајната цел на преговорите останува членството во ЕУ. Тоа треба да биде главната определба на политиката за проширување, смета Пленковиќ.

Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен истакна  дека следните шесет месеци ке бидат клучни за Македонија и Албанија. Таа најави дека новата методологија ќе бида објавена за неколку недели.

Доколку сакаме успешен самит ЕУ- Западен Балкан во Загреб тогаш мораме сега да ја направиме нашата домашна задача. Затоа за неколку недели ќе ја претставиме нашата нова методологија за проширување за да разговараме за неопходната модернизација, а првенствено на нашите пријатели од Западен Балкан – Северна Македонија и Албанија, да им дадеме перспектива за почеток на пристапните преговори, порача Фон дер Лајен

Според Фон дер Лајен посочи  дека Хрватска е одличен пример за тоа што може да значи европската перспектива за земјите од регионот, како една држава може да се трансформира на економски и политички план со цел да ги достигне стандардите на Унијата.