Loading Video...
Македонија
31. July 2020 - 16:34

Најдоцна до утре Грција ќе одлучи дали ќе ги отвори границите за македонските државјани во текот на август

Најдоцна до утре Грција ќе одлучи дали ќе ги отвори границите за македонските државјани во текот на август. Ова прашање грчките власти го разгледуваат откако вчера Европската унија го ревидираше списокот на безбедни земји, но на истиот не се најде ниту една земја од регионот вклучително и Македонија.

Додека границите за Унијата остануваат затворени до почетокот на септември, Грција ја разгледува можноста да довзоли  влез за македониски туристи но само со негативен пср тест за ковид 19.

Русија е првата земја која ќе ја регистрира и пушти во упореба вакцината против корона вирусот.

Вакцината која ја изработи Институтот „Николај Гамалеј“ во Москва, ќе биде регистрирана до 12 август, а истата ќе започне да се применува од средината на следниот месец.

Првите корисници ќе бидат лица од најризичните професии, додека масовната вакцинација во Русија се очекува да започне за 6 месеци. Лекарите очекуваат дека граѓаните ќе можат да се вакцинираат во здравствените центри во јануари и февруари 2021 година.

По тринеделните протести, демонстрантите во Софија поставија шатори во ценатарот на градот и пред зградата на Владата. Со транспаренти „Извинете за непријатностите, земјата се поправа“ демонстарнтите најавуваат дека центарот на Софија останува блокиран се’ додека владата на премиерот Бојко Борисов не поднесе оставка, заедно со јавниот обвинител. Кон барањата за оставки се вклучи и шефот на државата Радев.

Борисов пак вчера им возврати дека останува на премиерската функција се до редовните избори во март следната година.

Нема договор помеѓу Белград и Пришина, ако Србија не ја признае независноста на Косово.

Шефот на експертската делегација на Косово во дијалогот со Србија, Скендер Хисени, по денешниот состанок во Брисел изјави дека договор со Белград нема да има ако „меѓусебното признавање“ не биде конечниот исход.

Шефот на српската делегација пак по денешната рунда разговори порача дека со Србија не се разговара „со јазик на ултиматуми“.