Здравје
11. March 2018 - 12:26

Најдобриот лек за триглицериди и холестерол

Овој природен лек за холестерол и триглицериди им се препорачува на сите кои веќе долго имаат проблем со вишокот маснотии во крв, но и на лица кои се целосно здрави – како превенција.

денес зголемениот холестерол се смета за еден од најголемите и најчести проблеми на современиот човек.

Премногу седење пред монитор, непрекинато гледање телевизија, недостиг на спортски активности и рекреација, помалку движење во текот на денот, лош избор и комбинација на намирници, исхрана богата со штетни трансмасни киселини, се само некои од причините за појава на зголемени масти во крвта.

Тие се многу опасни по нашето здравје бидејќи предизвикуваат проблеми со циркулацијата на крвта, кога поради бројни компликации може да дојде до затнување на вените, па и до срцев или мозочен удар, а последично дури и смрт.

Во продолжение можете да прочитате еден исклучително природен лек за холестерол кој секако ќе ви помогне, но само доколку цврсто сте одлучиле да ги смените вашите животни навики во исхраната.

Дознајте како се прави овој лек од лимон и магдонос, кој се покажал како многу ефикасен за чистење на крвните садови од штетните наслаги. овој природен лек за холестерол им се препорачува и на сите кои имаат проблем со циркулација на крвта во нозете.

Потребни состојки:
3 литри вода
1 кг органски лимон
1 кесичка сода бикарбона
5-6 китки магдонос

Постапка:
Лимонот добро измијте го во студена вода. потоа потопете го во млака вода и наросете сода бикарбона. оставете најмалку еден час за да омекне лимонот.
Уште еднаш исплакнете, па исечкајте го колку можете поситно заедно со кората, или сомелете го во блендер.

Истото направете го и со магдоносот: добро исперете го па ситно исечкајте го заедно со стебленцата или сомелете го во блендер.

Лимонот и магдоносот ставете ги во поголем сад (шерпа) па прелијте со три литри вода, и на тивок оган варете 2-3 часа, се додека состојките убаво да се сварат и омекнат.
Потоа, процедете ја течноста, а лековитиот сируп складирајте го во стаклени шишиња или тегли. Обично се добива околу 1,5 литар. Се чува во фрижидер.

Дозирање:
Овој природен лек за холестерол и триглицериди се консумира секој ден по една мала ракиена чашка, најдобро наутро, додека се'уште не сте појадувале, на празен желудник.
Терапијата се спроведува точно 14 дена. Задолжително, после оваа терапија направете анализа на крвта, за да ги утврдите вредностите пред и после терапијата.