Македонија
28. December 2020 - 12:16

Најдено 17-годишното девојче што беше пријавено дека се оддалечило од дома

Тетовската полиција го најде 17-годишното девојче кое беше пријавено од родителот дека се оддалечило од дома на 18 декември.  Таа била пронајдена на улица во градот.

-Вчеравечер околу 19 часот и 15 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја пронашле 17-годишната жителка на тетовскa Палатица, која од нејзиниот татко на 18 декември годинава била пријавена дека се оддалечила од дома, информира СВР Тетово.

Нешто подоцна 17-годишната девојка му е предадена на родителот.