Живот
31. March 2017 - 23:23

Најде стара фотографија во подрум и се збогати

Сите знаеме дека во нашите стари кутии во подрум има многу глупости и непотребни дребулии, но понекогаш, средувајќи ги, таму може да откриете многу занимливи работи.

Така, Ренди Џихаро од Калифорнија стана побогат за речиси пет милиони долари. И, сето тоа поради една слика…

1rendi

Имено, Ренди наишол на стара кутија стари фотографии, доволно интересни, за тој да плати за нив два долари. Потоа, разгледувајќи ги подетално, забележал дека на една од сликите се наоѓа ликот на еден од најлегендарните американски одметници и ограбувачи во 19-от век – Били Д Кид.

1bil

Фотографијата е направена во 1881, кога познатиот разбојник на „дивиот запад“ имал 21 година. На неа тој со својата банда игра крикет.

2bili

Кусо по откривањето, пронаоѓачот ја огласил сликата за 5 милиони долари.

3bili

Џеф Ајело, кој моментно работи на документарец за прочуениот престапник од предминатиот век, ја испита и потврди автентичноста на сликата, па таа така и ќе се најде во филмот.