Македонија
2. December 2021 - 12:26

Најавите за поскапа струја ја зголемија побарувачката на огревни дрва

Зголемена побарувачката за огревно дрво во Охрид. По најавите за можна енергетска криза многумина од граѓаните кои што се грејат на струја бараат поевтини начини како да ги затоплат своите домови оваа зима, па се поголем број на семејства купуваат огревно дрво за греење.

Од шумското велат дека залихите не се големи, но ќе ги надополнуваат количините во зависност од временските услови за движење низ шумите. Располагаат најмногу со буково огревно дрво. 

Греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо во Македонија, а со електрична енергија е еколошки најприфатливо, оценуваат експертите. Според нив, грејната сезона најчесто трае шест месеци, од кои во три е неопходно поинтензивно греење, додека во останатите најчесто се сведува на делумно загревање на просториите.