-->
-->
Најавени протести во Атина и Преспа против договорот
-->
„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на протестите низ цела Грција за „одбрана на името Македонија“, преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавува дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишат договорот во Преспа, тие ќе одржат протест, а веројатно тоа ќе биде в сабота.
- Ако Ципрас се обиде да оди во Преспа, онаму каде што се светите останки на Павлос Мелас и на останатите Македономахи што ги дадоа нивните животи за слободата на татковината, соопштуваме дека ќе бидеме таму, десетици илјади за да не дозволиме да се потпише договорот, соопштуваат од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ и ги повикуваат, преку социјалните мрежи, граѓаните да им се придружат, а пратениците да си дадат оставка од нивните пратенички места.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, по информацијата дека веројатно в петок, во грчкиот Парламент ќе се одржи расправа за постигнатиот договор, организаторите на протестите повикуваат на собир на атинскиот плоштад Ситагма, во исто време додека пратениците дискутираат за содржината на договорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка