Свет
15. May 2016 - 16:25

Најавена заедничка воена вежба на Азербејџан, Грузија и Турција

Азербејџан, Грузија и Турција се договорија да организираат заедничка воена вежба, соопшти денеска азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов.

Тој нагласи дека одржувањето на маневите било договорени на денешната средба со неговите колеги од Грузија и Турција во азербејџанскиот град Габали.

Целта на вежбата е „да се подигне нивото на борбена готовност на армиите“ на трите земји, додаде Хасанов. 

Тројцата учесници на средбата заклучиле дека е потебно интензивирање на нивната соработка во однос на безбедноста на интернетот и за гарантирање на сигурноста на нафтоводите.

На средбата, според Хасанов, станало збор и за конфликтот во Нагорно Карабах, при што тројцата соговорници заклучиле дека спорот треба да се реши по мирен пат.