Балкан
21. October 2016 - 10:26

Најавена реконструкција на грчката Влада

Портпаролката на грчката Влада, Олга Геровасили најави дека ќе биде неизбежна обемна реконструкција на Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во изјава за „Скај“ таа соопшти дека во новата Влада ќе има дополнителен број пратеници, а ќе се формира и посебно Министерство за миграциска политика.