Loading Video...
Македонија
16. April 2021 - 16:36

Најава за протести и за законот за игри на среќа

Ако се донесе спорниот закон за игри на среќа и АСОМ излегува на протест. И покрај негодувањето на Асоцијацијата на спортски обложувалници надлежните не се откажуваат од условот за дистанца од 500 метри на објектите за игри на среќа од училиштата. За сопственците на спортските обложувалници  пак ваквиот предлог е целосно неприфатлив. Друг проблем се и зголемените давачки предвидени во новото зкаонско решение. Тие  доставиле преку 250 забелешки на ЕНЕР, и сега  бараат јавна дебата со креаторите на измените.

- Ваков рестриктивен и самоубиствен закон никаде во Европа нема“- нагласи Илијевски и порача дека без добро осмислен, европски закон нема никаде да напредуваме. Со овој закон, Владата свесно или несвесно ќе отвори пат за црн пазар, диви обложувалници, небезбедно играње и сива економија.

Од финансии пак велат дека самото поставување на предлог-законското решение на ЕНЕР е јавна консултација. Но не откриваат дали ќе го отстранат условот за физичка дистанца на објкетите за игри на среќа како и дали ќе ги намалат давачките за обложувалниците.

Намената на платформата е засегнатите страни и општествените чинители да дадат свои забелешки и видувања по предлозите. Истото важи и во случајот - сите коментари, забелешки и видувања по предлог-законот ќе бидат разгледани и ќе биде земено предвид она што е во прилог на најдобриот јавен интерес, велат од финансии.

Повеќе од 250 милиони евра годишно се слеваат во државната каса од објектите за игри на среќа. Од АСОМ повторно предупредија дека ако не се корегира законот над 8 000 вработени ќе останат на улица.