-->
-->
Наизменично пропуштање возила на патот Маврови Анови - Дебар
-->
На регионалниот пат Маврови Анови - Дебар кај местото Скудрински продавници возилата се пропуштаат наизменично, додека за камиони сообраќајот е забранет, соопшти АМСМ.
Ваквиот режим е воведен рано утрово околу 1:25 часот поради сообраќајна незгода што се случила вчера вечер.
Сообраќајот од 22:55 часот синоќа до раните утрински часови денес беше во целосен прекин.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација