Македонија
22. December 2015 - 10:55

Награди за најубавите уметнички дела од отпад

Награда за најкреативно уметничко дело од рециклиран отпад оваа година добија Дарко Базерко во категоријата поединци, ОУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје во категоријата училишта и ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија во категорија градинки.

На конкурсот „Trash for art 2015“ на компанијата „Пакомак“ биле пријавени 110 дела креирани со отпад од амбалажа. Наградените уметнички дела од отпад ќе добијат по 30.000 денари.

- Овој уникатен предизвик во кој учесниците на креативен начин го реформулираат значењето и функцијата на отпадот, секоја година одново не импресионира со иновативноста, начинот на изработка, умешноста и креативноста на авторите, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак“. 

Креациите од отпад се изложени во Веро центарот во Скопје.