Македонија
14. March 2017 - 8:53

Награди за најдобрите студенти на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе додели награди и пофалници на најдобро дипломираните студенти во учебната 2014/2015 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, ќе ја додели Наградата „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2015/2016 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите, како и на наградите од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.

- Почитувајќи ја речиси седум децениската традиција, со овој свечен чин, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им оддава должно признание на најдобро дипломираните студенти на нашиот Универзитет за нивните успеси постигнати во текот на студирањето, велат од Универитетот.

Церемонијата на доделувањето на наградите и пофалниците ќе се одржи во аулата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.