Македонија
4. December 2015 - 11:11

Награди за најдобрите на ликовниот и литературниот конкурс за штедење и осигурување

Министерството за финансии заедно со Народната банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска ќе ги врачи наградите на наградените од конкурсот за избор на најдобра ликовна и литературна творба на тема „И јас умеам да штедам“ и на тема „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“.  

На конкурсот учествуваа деца и млади од основното и средното образование и тоа од основно образование со ликовна творба, а од средното образование со литературна творба – поезија на зададените теми.