Награда за хуманост за градоначалникот Богдановиќ за проектот „Банка на храна“
Здружението „Скопјанката Мајка Тереза“ синоќа му додели награда за хуманост на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за проектот „Банка за храна“.
Богдановиќ, статуетката со ликот на Мајка Тереза ја доби за акцијата со која, над 150 семејства со висок социјален ризик, кои живеат на територијата на општина Центар, секој месец добиваат пакети со основни животни намирници.
Акцијата се реализира во рамките на проектот „Нула Глад“, во соработка со невладината организација „Банка за Храна“, а со поддршка на маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го кои редовно ги обезбедуваат потребните намирници.
-За мене ова е навистина голема чест и искрено им благодарам на сите кои ги препознаа заложбите на општина Центар и моите лични заложби за создавање хумано општество и еднакви можности за сите. Хуманоста е највисокиот алтруистички чин, одлика на големите луѓе, единствен начин да го измениме светот и да го направиме подобро место за живеење за сите. Силно верувам дека сечиј хуман гест е за поздравување, независно од вредноста и начинот на кој помагаме. Само така испраќаме порака дека секој од нас, кога сака-може да помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. Во оваа прилика би сакал да истакнам дека сум исклучително горд на моите колеги од општина Центар кои редовно учествуваат во разни хуманитарни акции и најмалку два до три пати годишно даруваат крв. Среќен сум што чувството за хуманост е длабоко втемелено во нашата општинска администрација, а доказ за тоа е и проектот за кој вечерва ја примам оваа награда, изјави Богдановиќ на свеченото доделување на наградите и се заблагодари на сите партнери и поддржувачи на проектот.
Наградата Послание за хуманост и статуетка со ликот на Св.Мајка Тереза е востановена во 1999 година од граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ од Скопје.
Наградите се доделуваат во рамки на „Денови на Мајка Тереза“ во чест на нејзиниот роденден, а до 5 септември, денот на нејзиното упокојување. Досега, оваа награда ја имаат добиено многу хумани организации и поединци меѓу кои: Црвениот Крст на Град Скопје и Македонија, Дефектолошки центар „Демир Капија“, како и Претседателите Киро Глигоров, Борис Трајковски, пејачот Тоше Проески и други.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната