Свет
23. October 2015 - 13:27

Нафтената војна на Саудиска Арабија со Русија

Блумберг - Њујорк

Додека претседателот Владимир Путин се обидува да ги зацврсти позициите на Русија како главен играч на Блискиот исток, Саудиска Арабија почна да ги напаѓа традиционалните за Русија пазари, и да и доставува евтина нафта на Полска.

На неодамнешниот инвестициски форум, Игор Сечин, кој е главен извршен директор на најголемата руска нафтена компанија Роснефт, се пожали од влезот на Саудијците на полскиот пазар.

- Тие активно правата дампинг, посочи тој. И други руски раководни кадри се незадоволни.

- Дали ова не е првиот чекор кон прераспределување на западните пазари?, посочи на тркалезната маса минатата недела Николај Рубченков, директор на Татнефт. „Дали владината енергетска стратегија на треба да содржи некои мерки за заштита на руските интереси на постоечките западни пазари“, запраша тој.

Европските трговци и преработувачи на нафта потврдуваат дека Саудиска Арабија ја нуди својата нафта со значително намалување, па така саудиското црно злато станува попривлечно од руското. И иако повеќето источноевропски рафинерии сега технолошки зависат од рускиот нафтен микс, претставниците на рускиот нафтен сектор со право се жалат.

Впо 70-ите години, Саудиска Арабија доставуваше половина од својата нафта во Европа, но тогаш Советскиот сојуз почна да гради нафтоводи за извоз од своите богати нафтени наоѓалишта во западен Сибир, а саудијците се насочија кон азиските пазари каде растеше побарувачката и каде можеа да се добијат подобри цени. Уделот на Саудиска Арабија на европскиот нафтен пазар продолжи да опаѓа и во 2009 година тој го достигна најниското ниво од 5,9 проценти. Уделот на Русија пак го достигна максимумот од 34,8 проценти во 2011 година. Во последниве неколку години, Саудиска Арабија бавно го зголемуаше своето присуство достигнувајќи 8,6 проценти во 2013 година, но никогаш не си ја пробала среќата во Полска.

Како и повеќето држави од централна и источна Европа, и Полска одамна е клиент на руските нафтени компании. Минатата година, околу три четвртини од увозот на горива во земјата бил од Русија, а останатиот дел од Казахстан и европските држави. Полска вусшност е во центарот на обидите за биде намалена зависноста на Европската унија од руските енергетски извори. Откако Русија го анектираше Крим од Украина минатата годна, Полска, која граничи со Украина, ги зголеми воените расходи и напорите за засилување на својата безбедност. Таа исто така работи со своите помали соседи. Минатата недела објави постигнување договори со Литва, Латвија и Естонија, за изградба на гасовод за пророден гас кон и од балтичките држави, гарантирајќи ја така својата иднина независна од руските достави на гас.

Во тој контекст, еден нов доставувач е добредојден. А што се однесува до саудијците, тие треба да ја прошират својата дејност надвор од Азија, каде побарувачката опаѓа.

Кремљ и претставниците на рускиот нафтен сектор одамна ја чувствуваат желбата на Европа за енергетска диверзификација, и побраа нови пазари. Всушност, до почетокот на веков, сиот нафтен извоз на Русија беше за Европа. Минатата година, уделот се намали до под две третини.

На азискот пазар, Русија им стана сериозен конкурент на саудијзите. Во мај, руските доставки на нафта за Кина на кратко дури и ги надминаа доставките од Саудиска Арабија. Сега кога саудијците се ангажирани со безмислосна ценовна војна за пазарен удел - не само со производоителите на нафта од шкрилци во САД, туку и со сите доставувачи кои не се членови на Организацијата на странски извозници на нафта (Опек) - тие се насочуваат кон традиционалните за Русија пазари.

Тоа може да се прерасне во сериозна расправија меѓу двете земји најголеми извознички на нафта во светот, меѓу кои веќе има неодразбирање околу конфликтот во Сирија. Засега Опек и Меѓународната агенија за енергија прогнизираат скромен пораст на побарувачката догодина, но ако кинеската економија продллжи да се претставува полошо отколку што се очекува, тој пазар може д стане претерано мал и за русите и за Саудијците. И двете економиии зависат од нафтата и задржувањето на пазарниот удел е важно за нивно за опстанување.

Нафтената конкуренција е опасно подводен течение во блискоисточната политика на Путин. Рускиот лидер се надева дека кога неговиот сојузник Иран повторно ќе излезе на светкиот нафтен и гасов пазар, Русија на некој начин ќе има корист од тоа, можеби со нови нафтоводи преку Сирија. Освен тоа, тој сака да ги спречи саудијците да востановат маршрути за извоз во Сирија. Сега кога руската енергетска врхушка во Европа е изложена на ризик, Путин се поупорно ќе се стреми да се реши сирискиот конфликт според условите кои тој ги поставува.