Свет
27. January 2016 - 11:29

Нафтата во моментов е на најниско ниво таа е поевтина дури и од водата и од млекото

 
Цената на суровата нафта во моментов се наоѓа на најниско ниво, околу $30 по барел. Ако земеме во предвид дека еден барел е 159 литри, доаѓаме до заклучок дека еден барел е поефтин дури о од вода ($31) и млеко ($100) во малопродажба.
 
Према големите инвестициски банки од Wall Sreet, како што се JP Morgan и Goldman Sachs, цената на суровата нафта може да падне и на 20 долари по барел.
 
Прекумерната понуда на пазарот со нафта, дополнително ќе се зголеми со враќањето на Иран на глобалниот пазар, откако беа укинати санкциите од западните земји овој месец. Аналитичарите тврдат дека извозот на нанфта на овие држави би можел да достигне до 500,000 барели, со што се зголемува стравот дека залихите дополнително ќе се зголемат, а побарувачката да се намали.
 
Покрај тоа, ММФ ја намали прогнозата за раст на глобалната економија по трет пат за помалку од година дена, укажувајќи на наглото успорување на растот на економијата во Кина, со што е и намалена побарувачката за нафта, а со тоа е извршен и дополнителен притисок на нејзината цена.
 
Меѓународната агенција за енергија, која ги советува индустриските ориентирани држави околу енергетската политика, а со тоа предупредува дека глобалниот пазар за нафта може да остане со голема понуда и во текот на 2016 година .
 
Погледнете како се движела цената на нафтата.
https://