Нафтата поевтина од млекото и водата!
Цената на суровата нафта моментално се наоѓа на рекордно ниско ниво од околу 30 долари за барел.
Ако се земе во предвик дека еден барел има околу 159 литри, се доаѓа до заклучок дека барелот нафта во моментов е поевтин дури и од водата (31 долар) и млекото (100 долари) во малопродажба.
Според големите инвестициски банки на Вол Стрит како што се Џи Пи Морган и Голдман Сакс, цената на суровата нафта може да падне и на 20 долари за барел.
Прекумерното снабдување на пазарот со нафта, дополнително ќе се влоши со враќањето на Иран на глобалниот пазар, откако му беа укинати санкции од западните земји претходно овој месец. Аналитичарите тврдат дека извозот на нафтата на оваа држава би можел да достигне и до 500.000 барели, со што се зголемуваат стравувањата дека залихите дополнително ќе се зголемат, а побарувачката ќе се намали.
Покрај тоа ММФ, ја намали прогнозата за раст на глобалната економија и тоа трет пат за помалку од година дена, укажувајќи на наглото забавување на растот на кинеската економија, со што е намалена и побарувачката за нафта, а со тоа е извршен и дополнителен притисок врз цената.
Меѓународната агенција за енергија, која ги советува индустриските земји околу енергетската политика, предупреди дека глобалниот пазар на нафтата може да остане исклучително многу снабден и во текот на 2016. година.
Погледнете како се движеше цената на суровата нафта:
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи