Бизнис
26. January 2016 - 10:16

Нафтата поевтина од млекото и водата!

Цената на суровата нафта моментално се наоѓа на рекордно ниско ниво од околу 30 долари за барел.

Grafika

Ако се земе во предвик дека еден барел има околу 159 литри, се доаѓа до заклучок дека барелот нафта во моментов е поевтин дури и од водата (31 долар) и млекото (100 долари) во малопродажба.

Naftna platforma. Foto: AP / Tanjug

Според големите инвестициски банки на Вол Стрит како што се Џи Пи Морган и Голдман Сакс, цената на суровата нафта може да падне и на 20 долари за барел.

Прекумерното снабдување на пазарот со нафта, дополнително ќе се влоши со враќањето на Иран на глобалниот пазар, откако му беа укинати санкции од западните земји претходно овој месец. Аналитичарите тврдат дека извозот на нафтата на оваа држава би можел да достигне и до 500.000 барели, со што се зголемуваат стравувањата дека залихите дополнително ќе се зголемат, а побарувачката ќе се намали.

Foto: Tanjug/AP/Darko Bandić

Покрај тоа ММФ, ја намали прогнозата за раст на глобалната економија и тоа трет пат за помалку од година дена, укажувајќи на наглото забавување на растот на кинеската економија, со што е намалена и побарувачката за нафта, а со тоа е извршен и дополнителен притисок врз цената.

Foto: Pixabay

Меѓународната агенција за енергија, која ги советува индустриските земји околу енергетската политика,  предупреди дека глобалниот пазар на нафтата може да остане исклучително многу снабден и во текот на 2016. година.

Погледнете како се движеше цената на суровата нафта: