Нафтата пак поскапува, нови цени на горивата во Македонија
По серијата намалувања на цената на нафтените деривати, ценовните движења на светските берзи не носат добри вести.
За само 2 дена, цената на суровата нафта скокна за 3,5 долари по барел и сега се тргува за нешто по 63 долари за еден барел.
И покрај тоа што трендот на движењето на цените води кон поскапување, просекот се уште е под оној од пред две недели, па доколку нема некои драстични скокови, не се исклучува, идниот понеделник, регулаторот цените да ги задржи на ова ниво или пак корекциите да бидат минимални.
Но, доколку нафтата продолжи да поскапува со ова темпо, можно е до крајот на годината до кога има уште две корекции, повторно да дојде до значително зголемување на малопродажните цени.
Во моментов дизелот е 61 денар, а бензините 63 односно 65 денари за еден литар.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024