Македонија
7. April 2020 - 14:34

Нафтата паѓа, а цените на производите растат, зеленчукот поскапе 70 проценти

Ако викендов килограм краставици на пазар чинеле 40 денари, сега поскапеа речиси двојно.Зелените пиперки се продаваат од 100 до 120 денари. А за килограм лимони, исто така ќе треба да платите 100 денари.Вакви цени може да се забележат деновиве на дел од пазарите.

Најбројни  беа повозрасните лица, кои половина час пред почетокот на забраната за движење, брзаа да ги купат потребниците намирници. Граѓаните реагираат дека освен што драстично се покачени цените на одредени производи, не го добиваат ниту потребниот квалитет.

Од друга страна пак, пазарџиите тврдат дека не, тие, туку производителите, ги одредуваат цените на овошјето и зеленчикот. Се жалат дека прометот им е е двојно опаднат, а муштериите во непазарни денови едвај се бројат на прсти.

Во услови на криза, кога на светската берза постојано паѓа цената на нафтата, а поскапува храната, дел од експертите сметаат дека  во вакви вонредни услови, поради ограничен транспорт, покачувањата се очекувани.

Иако Владата пред повеќе од две недели донесе одлука со која се замрзнуваат цените на основните прехрамбени производи и јужното овошје, очигледно е дека дел од трговците не ги почитуваат мерките. Казните за оние кои ќе ги прекршат одлуките на Владата се движат до 5.000 евра, па и казна затвор.