Балкан
14. March 2019 - 12:07

Наезда на медузи-преселници во Анталија

Туристите во турското летувалиште Анталија летово треба да внимаваат на медузи-преселници, кои можат да причинат потешки повреди, пишува „Дејли сабах”.

Такви медузи се забележани по средоземноморското крајбрежје. Стручните лица предупредуваат дека допир до овие морски животни треба да се избегнува дури и ако тие се исфрлени мртви на брегот.

При евентуален допир, се препорачува раната да се исчисти со солена вода и да се побара лекарска помош.

Овој вид медузи обично се среќава во водите на Индискиот и Тихиот Океан.