Македонија
9. July 2020 - 11:50

Наесен почнува процесот за воведување 5G, експертите велат технологијата е безбедна

Агенцијата за електронски комуникации наесен ќе го објави првиот оглас за користење на фрекфенции за 5G технологија. Таа е комплетно безбедна и не претставува никаква опасност за здравјето на луѓето, уверува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

На мини трибината „Дигитални предизвици за општествена трансформација", за безбедноста на новата технологија дискутираше и професорката од ФИНКИ Соња Филиповска, која напомена дека стравот кај луѓето доаѓа од непознавањето на оваа технологија и како таа функционира. Според Филиповска, 5G технологијата е сосема безбедна за користење и е неопходна за побрз дигитален развој на едно општество.

 

Горан Симоновски