Македонија
12. January 2021 - 21:38

Надојдената Козјачка Река го урна пешачкиот мост во Карбинци

Надојдените води го срушија единствениот пешачки мост на Козјачка река во општина Карбинци. Граѓаните бурно реагираа на социјалните мрежи, пред се заради фактот што изградбата на новиот мост кој беше предвиден доцни веќе една година.

-Се зголемува должината, за некаде околу 1 километар повеќе треба да пешачат луѓето секојдневно и до работа и назад. Да искористам и да апелирам за трпение, знам дека се во право, меѓутоа очекуваме наскоро да биде изграден и овој мост во општина Карници- изјави Јордан Насев, Градоначолник на  о. Карибици

Вредноста на новиот мост заедно со пристапната улица е 22 милиони денари, а од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на изведувачот му е продолжен договорот за градба до јуни годинава.  Во моментот се уредува коритото на Козјачка река со заштитини бетонски крила како заштита од излевање. Но вистинската опасност доаѓа од горното течение на оваа планинска река.

-Моравме да интервенираме на одредени делници со машина, за да се зајакнат заштитните ѕидови и косините на самата река- додаде Насев

За спречување на можни излевања на реката и заштита на околните куќи од поплавување, од општина Конче добија помош во механизација која ќе работи на терен во следните 3 дена.