Свет
29. August 2016 - 9:27

Надминат хаосот на виенскиот аеродром

Виенскиот аеродром Швехат во текот на изминатава  ноќ ги надмина техничките прооблеми во пренос на податоци, кои се појавија вчера во 17 часот и предизвикаа хаос во авиосообраќајот, како и откажување на одреден број летови.

- Проблемите со следењето на контролата на летовите се успешно решени. Немаме задоцнувања, ниту откажувања, а патниците ги замолуваме - пред полетувањето да ја контактираат авиокомпанијата со којашто летаат, соопштија денеска од аеродромот.