Македонија
26. April 2016 - 13:43

Надградба на системот за наплата на ЕВН Македонија

ЕВН Македонија планира надградба и одржување на постоечкиот систем за наплата, со цел подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците, најавуваат од компанијата. 

За таа цел, додаваат, ќе се искористи периодот од 28 април од 15:30 часот до 3 мај до 7:30 часот, кога фреквенцијата на наплатните пунктови на ЕВН Македонија е намалена поради претстојните велигденски и првомајски празници.

- Ги известуваме сите наши корисници, деловни партнери и надворешни соработници дека во овој период не ќе можат да ги користат електронските услуги на ЕВН, како електронското плаќање на сметките и сите други информации од центарот за односи со корисниците кои се поврзани со системот за наплата. Плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија како и досега ќе може да се изврши во сите банки и пошти, соопшти ЕВН Македонија.

Оттаму посочуваат дека на располагање останува телефонскиот број за информации (0890 88888) во Центарот за односи со корисници каде може да се пријават евентуални проблеми во снабдувањето со електрична енергија и барања поврзани со конкретни услуги на ЕВН.