Тенис
3. October 2020 - 9:14

Надал во осминафиналето на Ролан Гарос ќе игра против Корда, кој ја именува мачка по него

Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во четвртото коло на Ролан Гарос. Вториот рекет на светот за 1 час 37 минути денес го победи Стефано Траваља од Италија.

Ривал на Надал во осминафиналето ќе биде победникот во квалификациите Себастијан Корда. Дваесетгодишниот Американец во едно интервју изјави дека својата мачка ја именувал по Надал.

Грен слем турнирот Ролан Гарос се игра за награден фонд од 38 милиони евра.