Loading Video...
Тенис
26. April 2021 - 14:46
Надал се врати на 2.место на АТП листата
Понеделнички вообичаено се објавуваат и најновите тениски ранг листи
По триумфот на турнирот во Барселона, Рафаел Надал се врати на второто место на АТП листата, потиснивајќи го за една позиција Русинот Данил Медведев. Тоа е единствената промена во ТОП 10, на АТП листата објавена денеска.
И натаму, веќе 318-та недела по ред прво рангиран е Србинот, Новак Ѓоковиќ кој најверојатно поради повреда нема да настапи на Грен-слемот Роланд Гарос.
Покрај овие тројца, меѓу десетте најдобри уште се и: Доминик Тим , Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Рожер Федерер и Италијанецот, Матео Беретини кој триумфира на „Србија опен“.
Единстената промена во ТОП 10 кај дамите односно на ВТА листата е влезот на Холанѓанката, Кики Бертенс на десетата позиција, додена на првите девет нема промени, па така и натаму убедливо прва е Австралијката, Ешли Барти која победи на турнирот во Штутгат, а зад неа се Јапонката, Наоми Осака и третопласираната Симона Халеп од Романија.
Десетка ја комплетираат Софија Кенин, Бјанка Андрееску, Арина Сабаленка, Серена Вилијамс и Каролина Плишкова.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->