Loading Video...
Тенис
19. May 2019 - 18:55

Надал преку Ѓоковиќ до триумф во Рим

 
Шпанецот Рафаел Надал го совлада големиот ривал Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови во финалето на Мастерот во Рим. Во петто финале меѓу овие двајца тенисери во Рим, Надал стигна до третата победа.
 
Шпанецот одлично го отвори мечот и уште на самиот старт направи брејк, а во продолжение уште два, па сетот го доби без загубен гем односно со 6-0. 
 
Во вториот сет, Ѓоковиќ успеа да направи брејк во десеттиот гем и да го добие сетот со 6-4, за израмнување на резултатот на 1:1 во сетови.
 
Речиси на ист начин се одвиваше и решавачкиот трет сет, но во него Надал беше подобар и го доби со 6-4. 
 
Со оваа победа Надал ја намали предноста на Ѓоковиќ во меѓусебните дуели, па сега Шпанецот има 26, додека Србинот 28 победи. 
 
За Надал ова е 9-ти трофеј во Рим, а вкупно 81-ва во кариерата. 
 
Покрај трофејот и новите 1000 поени победникот ќе го зголеми и своето парично конто за 958,000 долари, додека поразениот ќе заработи речиси половина милион долари.