-->
-->
Надал победи во својот 1.000-ти меч
-->
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал триумфално го прослави 1.000-от меч во професионалната кариера. Тој на Мастерсот во Мајами со 2-1, по сетови 0:6, 6:2 и 6:3 го совлада Филип Колшрајбер од Германија и се пласира во третото коло.
Надал со 1.000 одиграни мечеви во сингл е трет на листата активни тенисери. Пред него се Давид Ферер со 1.034 и Роџер Федерер со 1.340 мечеви. Моменталниот биланс на Надал е 822 победи и 178 порази, односно 82,2 %.
Најмногу професионални сингл дуели кај тенисерите има Американецот Џими Конорс – 1.535.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата